Официјално ја објавија датата за Мејведер-Логан Пол

Демонстративниот меч меѓу легендата Флојд Мејведер и блогерот Логан Пол ќе се одржи на 5 јуни на стадионот „Хард рок“ во Мајами. Веста ја потврдија и двајцата.

Првичната средба беше закажана за 20 февруари, но беше одложена заради незаинтересираност и пандемијата на коронавирусот.

Некои правила за средбата веќе се јасни. Пол добива на тежина за сметка на искуството на Мејведер. Блогерот има право да достигне максимална тежина од 86 кг, додека за „Мани“ лимитот е 72 кг.

„Се собираме заедно да ја смениме историјата на боксот“, напиша Пол.

Тој додаде дека многу му треба тренинг , а неговата предност е што со секој изминат ден станува се подобар, додека Мејведер старее со секој изминат ден.

Продажбата на билетите почнува следната недела. Логан Пол има еден меч во рингот и го загуби. Во исто време, Мејведер има импресивни 50 победи во 50 борби и важи за еден од најдобрите во историјата на боксот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО