Одбројување до УФЦ 266: Волакновски ќе ја брани титулата против Ортега (ВИДЕО)

Викендов, најголемата ММА организација во светот (УФЦ) се враќа со нова гала вечер во Лас Вегас. Ќе бидеме сведоци на настанот УФЦ 266 кој ќе се одржи во Т-Мобиле арената. Во главната борба ќе гледаме дуел за титулата во перо категорија.

Шампионот Александар Волкановски ќе ги одмери силите со Брајан Ортега. Во коглавната битка шампионката во лесна категорија Валентина Шевченко ќе го брани појасот против Лорен Марфи.

Во борбената карта ќе го видиме враќањето на легендата Ник Дијаз. Тој ќе има реванш со поранешниот шампион во полутешка категорија Роби Лоулер. Нивната борба ќе биде во 5 рунди и ќе биде само втора во историјата на УФЦ, која е планирана 25 минути без титула.

https://www.youtube.com/watch?v=hcCk9YcNAMM

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО