Пакијао е кандидат за претседател на Филипините

Една од најголемите легенди на светскиот бокс – Мани Пакијао официјално е промовиран како кандидат за претседател на Филипините. Поранешниот светски шампион во 8 различни категории беше промовиран на функцијата за претстојните избори во земјата во 2022 година.

Веста ја објави неговиот близок пријател – сенаторот Аквилино Пиментел III – „Коко“. Пакман, кој исто така е актуелен сенатор, беше номиниран од една од фракциите на владејачката Демократска партија, Лабан.

Одлуката доаѓа неколку дена откако друга фракција во партијата го предложи сенаторот Кристофер Го – „Бонг“ за претседателски кандидат, а како негов потпретседател да стане актуелен лидер на земјата Родриго Дутерте.

Ова веројатно значи крај на боксерската кариера на Мани Пакијао. Легендата ќе наполни 43 години на 17 декември. Тој загуби на поени од Јорданис Угас за титулата на ВБА во полусредна категорија на 21 август. Поразот е осми во 72 меча (62 победи и 2 нерешени средби).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО