Од 12 спортисти на Европските игри се очекуваат медали од борачите и каратистот Емил Павлов (ФОТО)

Македонскиот олимписки комитет (МОК) денска одржа прес-конференција со учесниците на Европските игри во Минск, Белорусија, од 21 јуни до 30 јуни 2019 година, кои се одржуваат по втор пат. Претходните се одржаа 2015 година во Баку, Азербејцџан. На вторите Европски олимписки игри ќе настапат 50 европски држави, со околу 4000 спортисти во 15 спортови.

Македонија ќе ја претставуваат 12 спортисти од кои деветмина се од боречките спортови,каде што реалноможе да се надеваме и на медал.

Најмногу очекуваме од спортистите што се кавлификуваа со норми, борачите Владимир Егоров и Могамедгаџи Нуров и каратистот Емил Павлов. Се надевам дека ќе го повториме успехот од Баку, кога освоивме два бронзени медали“, рече директорот на МОК, Владимир Богоевски.  

На првите игри во Баку, Азербејџан, Емил Павлов и Мратин Несторовски во карате освоија бронзени медали.

Носиетлот на знамето боксерот Гоце Јанески изјави дека чувствува прекрасно и дека ќе даде се од себе за добар резултат.

„Со оглед на тоа дека има силна конкуренција, ќе дадам се од себе да ја претставам Македонија во најдобро светло. Голема мотивација ми претставува тоа што ќе го носам знамето на отворањето. Во добра форма сум, односно како онаа пред повредата“, рече Јанески на прес-конференцијата.

Претседателот на МОК, Васил Тупурковски, рече дека е многу важно што неколку спортисти на Европските игри се пласираа со норми, бидејќи тоа е битно и за Олимписките игри, каде шт обично кубуриме со олмписки визи.

Далибор Богданов кој ќе настапи во самбо вели дека е подготвен и дека ќе даде се од себе за добар резултат. Последниот месец се подготвувал со поранешен шампион во самбо од Франција и дека тоа многу му значи.

 Во Минск ќе настапат:

1. Емил Павлов – карате 
2. Магомедгаџи Нуров – борење (слободен стил) 
3. Владимир Егоров – борење (слободен стил)
4. Фати Вејсели – борење (слободен стил)
– – – – – 
5. Арбреша Реџепи – џудо
6. Владимир Малески – кајак
7. Борјан Бранковски – спортско стрелаштво
8. Андреј Петровски – велосипедизам (улична трка, хронометар)
9. Далибор Богданов – самбо
10. Етеми Арсим – бокс 
11. Јасин Љама – бокс 
12. Гоце Јанески – бокс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО