Џон Кванаг: Следната борба на Мек Грегор најверојатно ќе биде со Нејт Дијаз (ВИДЕО)

Пред неколку недели ѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор на социјалните мрежи сподели заработил повреда на раката за време на спаринг меч. Неговиот долгогодишен тренер Џон Кавнаг беше гостин кај Ариел Хелвани и рече дека оваа повреда е сериозна и заради неа Мек Грегор се подложил на операција од која во моментов се опоравува.

Кванаг верува дека оваа година ќе го видиме Мек Грегор во кафезот и според него противник за поранешниот шампион е Нејт Дијаз кој наскоро се враќа во октагонот, за да се бори со Ентони Петис.

„Повредата на раката се случи за време на спаринг. Тоа беше добар спаринг во кој Конор го удри противникот во задниот дел од главата и претрпе повреда. Бил подложен на операција кај добар лекар и во моментов се опоравува. Од самиот почеток, велам дека би сакал да има трилогија со Дијаз. Не можам да дочекам да видам како ќе изгледа Нејт во претстојната битка.

Џастин Гаетје ме потсетува на Дијаз, затоа што и двајцата можат да издржат голем ќотек, но, сепак, се движат напред. Ако Конор е мотивиран и тренирал здраво, мојот противник не ми е важен. Може да се бори со сите во УФЦ. Ако вперите пиштол кон мене и ме прашате за неговиот следен противник, тогаш јас ќе ви кажам дека тоа ќе биде Нејт Дијаз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО