Објавени се паровите за новиот ВБСС турнир во леснотешка категорија

По одличните борби во првиот ВБСС/WBSS турнир во леснотешка категорија, од кој Александар Усик излезе со сите поајси, најавени се нови имања за турнирот во категоријата до 90,7 килограми.

Усик минатиот месец во финалето пред 24.000 гледачи во Москва го победи Мурат Гасиев.

Првиот носител на новиот турнир на осуммината е Латвиецот Маирис Бриедис (24-1, 18 КО) која му пружи одличен отпор на Усик во полуфиналето во јануари кога беше поразен мнодинака одлука на судиите.

Во четвртфиналето на втората сезона ќе се бори против ерменско-германскиот борец Ноел Микаелијан (23-1, 10 КО) кој е попознат по името на Ноел Гевор. Микаелијан тренира со Педро Дијаз.

Се враќа и Јуниор Дортикос (22-1, 21 КО) кој во четвртфиналето го нокаутираше Дмитриј Кудријашов, а во полуфиналето во 12 рунда беше нокаутиран од Гасиев и му го нанесе првиот пораз во кариерата.

32-годишниот Кубанец преминот во полуфиналето ќе го бара преку Полјакот Матеуш Мастренак (41-4, 28 КО).

Поранешниот ВБО шампион Криштоф Гловацки (30-1, 19 КО) се бори против Русинот Максим Власов (42-2, 25 КО), а последниот пар го сочинуваат 27-годишниот Русин Руслан Фајфер (23-0, 16 КО) и Американецот Ендрју Табит (16-0, 13 КО).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО