Менајотин ги собори Мејведеровите 50-0 (ВИДЕО)

Ваненг Менајотин (51-0, 18 КО) го урна рекордот на Флојд Мејведер од 50 последователни победи.

32-годишниот Тајландец со едногласна судсика одлука во грдаот Након Савану го победи на 21-годишниот Филипинец Педро Тадурано (12-2, 9 КО) и ја освои 51-та последователна победа во својата 10-та титула во сламка категорија (48 кг).

Менајотин, вистинското име му е Чајапон Моонсри, сите мечеви ги боксираше во Тајланд, така што освен статистичките споредби другите споредувања со Мејведер имаат малку допирни точки.

Со оваа победа се изедначи со пензионираниот мексикански боксер Рикардо Лопез, поранешен светски шампион во сламка и полумува категорија, кој се пензионира во 2001 година со 51 победа и 1 пораз.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО