Лазаревски: Бронзата на Ацо Јосифоски е со златен сјај во најуспешната година на македонското ИТФ таеквондо (ФОТО)

Освојувачот на бронзениот медал Светското таеквондо првенство на ИТФ за јуниори и ветерани во Минск-Белорусија, Ацо Јосифовски, пристигна во Охрид, а неговиот тренер Марјанчо Лазаревски вели дека ова е бронза со златен сјај.

„Искусниот ветеран Ацо Јосифоски (IV дан) и поранешен светски шампион и освојувач на два бронзени медали на последното Европско првенство во Талин –Естонија  оваа година, на ова СП  се натпреварауваше  во две дисциплини – форми за црн појас IV дан ветерани и борби -64  кг ветерани. Ацо Јосифоски успеа да освои борнзен медал во форми во конкуренција  на натпреварувачи од околу 70 земји учеснички, многу појаки – економски и спортски. На крајот само 4 знамиња  на врвот, а едно од нив беше и македонското знаме, со што можеме и да се пофалиме дека ова е најплодната година за македонското ИТФ таеквондо до сега“, изјави тренерот и претседател на Македонската ИТФ федерација, Марјанчо Лазаревски, кој изрази  огромна благодарност до Општина Охрид за спонзорирањето на Јосифовски, како и на ПН Метал.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО