Објавен официјалниот датум за пресметката Чисора-Паркер

Дерек Чисора ќе се сретне со Џозеф Паркер, поранешен светски шампион во тешка категорија на ВБО, во главната пресметка на гала настанот што ќе се одржи на 1 мај во Англија, објави компанијата Мечрум бокс за Скај спорт.

28-годишниот Паркер има биланс од 28 победи (21 со нокаут) и 2 порази (од Ентони Џошуа и Дилиен Вајт). Рангиран е на 9-то место меѓу најтешките во авторитетното рангирање на страницата boxrec.com. Пред три недели, Новозеланѓанецот му го нанесе првиот пораз во професионалната кариера на неговиот сонародник – Јуниор Фа.

Чисора, пак, се наоѓа на 11-тото место на рангирањето на boxrec.com. Англискиот боксер има вкупно салдо од 32 победи (23 со нокаут) и 10 порази (3 со нокаут).

На истиот настан внимание предизвикува мечот еѓу апсолутната шампионка во лесна категорија Кети Тејлор, која ќе ја брани титулата против нејзината поранешна ривалка од аматерските денови, Наташа Џонс

Промотореската компанија најави уште еден судир за титулата. Дмитриј Бивол ќе го брани појасот во полутешка категорија во ВБА против Кит Ричардс.

Крис Јубенк се враќа во рингот. Носителот на титулата во средна категорија на ВБА ќе се соочи со Маркус Морисон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО