Конор се збогува со Хабиб: Не заборавај кој те создаде!

Поранешниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Конор Мек Грегор со остра изјава за повлекувањето на Хабиб Нурмагомедов. Тие се отворени непријатели и Ирецот не го предаде неговиот стил, иако сепак го поздрави актуелниот шампион и му посака Бог да го благослови.

„Среќен пензионер, се гледаме повторно. Никогаш не заборавај кој те внесе во играта и те создаде. Директно од моите големи ирски јајца. Запомнете момци, ако толку многу го мразите губењето тежина, сè што треба да направите е да се искачите нагоре. Бог да те благослови“, напиша Мек Грегор.

Нурмагомедов го најави своето пензионирање по 29 победи на 29 натпревари. Во 2018 година се соочи со Мек Грегор и го натера да се откаже во четвртата рунда. По средбата во кафезот настана голема мешаница. Конор оттогаш се обидуваше да се реваншира, но никогаш не го доби тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО