Нуров поразен во возбудлива борба на ЕП

Nurov na EP Riga 2016

Могамедгаџи Нуров во интересна борба со преврти загуби од Германецот Ерик Свен Тиле со 6-4 во категоријата до 97 килограми во 1/8 финалето.

Натурализираниот Македонец всушност ја загуби борбата во втората рунда при водство од 3-2, кога Тиле во една акција зарботи четири поени, односно го подигна и гоисфрли од душекот и поведе со 6-3. Најпрво Тиле поведе со 0-2, Нуров изедначи на 2-2 и веднаш потоа поведе со 3-2, па Германецот направи пресврт 3-6, а на крајот нашиот борач освои уште еден поен.

И тој и Дејан Митров треба да се надеваат нивните противници да направат што подобар резлутат за да имаат шанса во репасажот да го поправат впечатокот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО