Нунес ја нокутира Холи Холм со хај кик (ВИДЕО)

УФЦ 239 и пред главната борба понуди низа возбудања.

Аманда Нунес (18-4, 11-1 УФЦ) ја потврди својата позиција најдобар женски борец во ММА на сите времиња.

„Лавицата“ со хај кик по четири минути во првата рунда ја нокутира поранешната шампионка Холи Холм (12-5, 5-5 УФЦ) и по четврти пат го одбрани појасот во бантам. Бразилката е шампионка и во перолесна категорија.

Холи Холм се прослави во 2015 година токму со хај кик кога ја нокаутира Рондо Раузи и стана шампион на УФЦ бантам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО