Нунес: Холи ќе бега во кафезот и ќе го чека висинскиот момент

Откако во декември ја нокауитра Крис Киборг и го освои појасот во перолесна категорија, Аманда Нунес овој викенд се враќа да ја брани титулата во бантам.

Шампионката на УФЦ во две категории во Лас Вегас ја брани титулата против поранешната шампионка Холи Холм.

Досега „Лавицата“ ги победи шампионките на УФЦ во мува, бантам и перолесна категорија Ронда Раузи, Миша Тејт, Жермен де Рандамие, Валентни Шевченко и Крис Киборг.

Со победа против поранешната светска првенка во бокс би потврдила дека е најдобар женски борец во историјата на ММА.

31-годишната Бразилка против Холм очекува поинаков меч отколку со Крис Киборг.

„Холи е многу добро се свртува. Многу се движи, влегува и излегува. Знам дека ќе се обиде да ме добие на поени, и ќе се обиде да држи до оградата. Сите мои противнички го мисла тоа“.

„Мислам дека ќе бега по кафезот и ќе собира поени додека не го пронајде вистинскиот момент. Има многу добри удари со нога. Во оваа борба морам да бидам подготвен на се. Холи е многу силна и опасна, но јас сум навистина подготвена за се што може да понуди“.

https://www.youtube.com/watch?v=8CLYPFPAqBs
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО