Џон Џонс сака повеќе пари, за да премине во тешка категорија

Шампионот на УФЦ во лесно-тешка категорија Џон Џонс е подготвен да се подигне во потешката категорија, но за посериозен хонорар. Еден од најскапо платените борци на организацијата нема ништо против за трет меч со Даниел Кормиер.

„Ќе биде интересна борба, но имам уште доста работа во полутешка категорија“, рече Џонс и додаде: „Не знам зошто луѓето сакаат да видат трета средба против Кормиер. Првиот пат го победив со едногласна судиска одлука. Во вториот го нокаутирав“.

Оваа сабота Џонс ќе велезе во октагонот, за да ја брани титула против Тијаго Сантос на најголемата галавечер УФЦ 239 во Лас Вегас.

https://www.youtube.com/watch?v=WnaqyviFeGs
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО