Нови проблеми за најголемиот боксерски меч на денешницата: Ќе остане ли Џошуа без титула?

„Џошуа прво ќе се бори против Усик или во дуел со Фјури ќе влезе без појасот на ВБО“.

Не само што шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, имаше проблеми со задолжителниот предизвикувач, истите сега се појавија со сопственикот на преостанатите престижни титули во тешка категорија – Ентони Џошуа.

Тимовите на двајцата светски шампион вербално се договорија два натпревари, од кои првиот би можеле да го гледаме следното лето, но пред тоа, секој од нив ќе мора да ги совлада веќе одамна познатите пречки. Фјури ја чека трета средба со Дионтеј Вајлдер, а потоа најверојатно и меч со задолжителниот предизвикувач на ВБЦ, Дилиен Вајт, додека ВБО, ВБА, ИБО и ИБФ првакот во и дниот настап за противник треба да го има Кубрат Пулев.

До неодамна тоа беа сите познати пречки, барем кога зборуваме за предизвикувачите, но деновиве се јави и тимот на Александар Усик кој има намера да го искористи своето право како задолжителен предизвикувач на ВБО, а со тоа и да се избори за меч со победникот од дуелот Џошуа-Пулев.

Овие планови ги потврди и Александар Красјук, промотор на феноменалниот Украинец. Имено, Красјук истакна дека Џошуа ќе мора да се пресмета со неговиот борец пред да влезе во рингот со Фјури. Секако, другата опција е актуелниот шампион да го ослобоси појасот на ВБО…

„Задолжителниот напад на Усик на појасот на ВБО требаше да се случи пред мечот Џошуа-Пулев, но бевме флексибилни и не вршевме голем притисок да му дозволиме на Џошуа да се бори против задолжителниот предизвикувач на ИБФ, додека Усик во меѓувреме го одработува неговиот меч со Дерек Чисора. Но, тоа беше направено со цел ВБО шампионот да се бори против Усик. Значи, или Џошуа прво ќе се бори против Усик или во дуел со Фјури влегува без појасот на ВБО“, беше јасен Красјук во интервјуто за Скај спортs.

Ако случајно „ЕЏ“ навистина одлучи да ја ослободи титулата на ВБО, Усик и Џозеф Паркер најверојатно ќе се борат за испразнетата титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО