Александар Емилијаненко импресионоира со формата, погледнете како изгледаат 113 килограми мускули (ФОТО)

Рускиот ветеран, дури и со 38 години на грбот, изгледа одлично.

Александар Емелијаненко (28-7-1), брат на легендарниот Федор, сериозно ги фати подготовките за неговиот следен настап, а една фотографија од тренинг-сесијата ги воодушеви неговите фанови.

Александар би требало, да потсетиме, да настапи во Москва на настанот Апсолутен шампионат Ахмат (АЦА) 107, што е планиран за 24 јули. Негов противник ќе биде Магомед Исмаилов (15-2-1). Тоа е дуел кој требаше да се одржи на 3 април, но пандемијата на коронавирус ги уништи тие планови.

Од промоцијата АЦА се уверени дека публиката ќе може да присуствува на нивниот настан до новиот датум, а најавија дека ќе имаат повеќе информации на 1 јули.

А во каква форма е 38-годишниот руски ветеран во овие денови можеше да дознаеме од неговите објави на Инстаграм. Едно од нив ни откри дека Александар моментно тежи 113 совршено распределени килограми.

Да спомнеме и дека ова ќе биде првиот меч на Емелијаненко од август 2018 година, кога неговата средба со Тони Џонсон заврши без победник. Алекс во таа пресметка ја продолжи низата на непоразеност на шест настапи, а последен што успеа да го победи е во 2014 година, беше тоа Дмитриј Сосновски.

https://www.instagram.com/p/CBh3SkhC4m5/?utm_source=ig_embed

 

https://www.instagram.com/tv/CBkTxHMisKg/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО