Ноќ на новите шампиони: Дош Анхош доминантен над Петис, Једержчик го носи појасот во Европа!

Рафаел дош Анхош
Рафаел дош Анхош

УФЦ 185 во Далас донесе двajца нови УФЦ шампиони и тоа на неверојатно убедлив начин. Рафаел Дош Анхош целосно доминираше над Ентони Петис во текот на сите пет рунди, додека Јоана Једрежчик демолирањето на Карла Еспраза го заврши со нокаут во втората рунда, со што го обезбеди првиот европски УФЦ појас по девет години.

 Каков настан, каков спектакл и какво изненадувања! УФЦ 185 долго ќе се памети како спектакуларен настан на кој што се крунисан двајца нови УФЦ шампиони. Тоа се Рафаел Дош Анхош и Јоана Једрежчик, кои, буквално, ја шокираа публиката, но и досегашните шампиони и со убедливи претстави го освоија она што отсекогаш го сонувале, шампионскиот појас на УФЦ.

 Дош Анхош го постигна на таков начин што судиите во сите пет рунди му доделија победа против големиот фаворит Ентони Петис, а тоа е реална слика на она што се случуваше во кафезот. Бразилецот од првата секунда беше поагресивен, а за цело време во првата рунда ја контролираше борбата со постојани напади на нозете, додека Петис, буквално, беше прикован за оградата. Слично беше и во втората рунда, во која Анхош запиша рушење и контрола на партерот.

 Ништо подобро поранешна шампиони не помина и во третатат рунда, во која Дош Анхош се наметна како подобар греплер, додека во четвртата беше блиску до прекин, но Петис во краен момент успеа да ја извлече раката пред Бразилецот да дојде до целосна кимура. Петата рунда беше слична на претходната и Дош Анхош го направи тоа што го најавуваше пред неколку недели, стана шампион во УФЦ.

УФЦ 185 – резултати

Рафаел дош Анхош – Ентони Петис – со едногласна одлука на судиите

Јоана Једрежчик – Карла Еспраза – ТКО (Р2, 04:17)

Џони Хендрикс – Мет Браун – со едногласна одлука на судиите

Алистер Оверим – Рој Нелсон – со едногласна одлука на судиите

Хенри Цехудо – Крис Каријасо – со едногласна одлука на судиите

Рос Пирсон – Сем Витко – КО (Р2, 01:33)

Илија Теодору – Роџер Нарваез – ТКО (Р2, 04:07)

Бене Дариуш – Дарон Круикшанк – САБ (Р2, 02:48)

Џаред Росхолд – Џош Коупленд – ТКО (Р3, 03:12)

Рајан Беноа – Серхио Петис – ТКО (Р2, 01:34)

Џозеф Дафи – Џејк Линдзи – ТКО (Р1, 01:47)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО