Белистојановски: Репрезентативците се во одлична форма, чекаат да почне првенството!

Подготовки на карате репрезентацијата
Подготовки на карате репрезентацијата

Денеска во Охрид завршуваат подготовките на карате репрезентацијата на Македонија за сениорското Европско првенство во Истанбул од 19-22 март.

Го прашавме теренерот на репрезентацијата во борби, Петар Белистојановски, како помина подготовките и дали е се во ред со здравствената состојба, однонсо дали има повреди?

Роденденска прослава на Несторовски
Роденденска прослава на Несторовски

-Припремите поминаа супер,се работеше на техничко-тактички моменти. Атмосферата е одлична, сите се во добра форма и со нетрпение чекаат да почне првенството. Повредени нема, – изјави Белистојановски.

По завршувањето на Балканското првенство во Чачак, кај тренерот на репрезентацијата имаше дилеми за некои решенија во екипниот дел.

-Покрај  тие што се во поединечна конкуренција Емил Павлов, Дејан Црничиќ, Иво Цветковски, Симон Антиќ и Мартин Несторовски, за екипата ќе настапат Берат Јакупи, Виктор Крстевски, Тодор Ристески, како и натпреварувачите од поединечна конкуренција. Кај девојките и поединечно и екипно ќе настапат: Симона Заборска,Наташа и Моника Стефановски и Драгана Тодорова, – истакна тренерот на репрезентацијата.

На минатогодишното Европско првенство Емил Павлов стана европски шамион во категоријата до 60 кг.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО