Нина Ѓорѓевиќ е европски шампион, машкиот ката тим втор, женскиот трет на ЕП во шотокан (ФОТО)

Нина Ѓорѓевиќ е европски сениорски шампион откако пертпалднево триумфираше со 5-0 над Каларасу Изабел од Романиај во финалето на Европското карате шотокан првенство во Скопје.

Машкиот ката тим Македонија 2 е вицешампион во сениори, бидејќи во борбата за златото загуби од Турција 1-4. Додека женскиот ката тим Македонија 1-2 го освои бронзениот медал во сениорска конкуренција.

Засега најуспешна е репрезентацијата на Азербејџан со 173 медали – 63 златни, 43 сребрени и 67 бронзенни, следи Романија 204 (52-55-97), Турција 73 (22-17-44), Молдавија 51 (14-13-24) и Македонија 47 (11-14-22) итн.

Денеска во конкуренција на ветерани настапуваат Горан Алексовски и Игор Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО