Ник Дијаз гостуваше кај Снуп Дог (ВИДЕО)

nik-dijaz-i-snup-dog

Снуп Дог одамна не е само рапер.

45-годишниот музичар и бизнисмен има и серија на ГГН/GGN на својот Дабл Г њус нетворк уште од 2011 година.

Последен гостин му беше УФЦ борецот Ник Дијаз. Браќата Дијаз се познати борци за легализација на марихуаната, па Ник пријатно се чувствуваше во друштво на Снуп.

Снуп се осврна и на суспензијата на Дијаз поради марихуаната, прекршок за кој во големите американски лиги како НФЛ или НБА спортистите се суспендираат на само неколку натпревари. Тога е покрената и петицијата за укинување на суспензијата која ја поддржа славната пејачка Шер. Целото интервју ќе се емитува за еден месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО