Мани Пакијао излегува на мегдан со Џеф Хорн во Австралија

mani-pakijao-se-duva

Непоразениот Австралиец, Џеф Хорн и легендарниот Мани Пакијао најверојатно ќе се сретнат на 22 април во Бризбејн – родниот град на Хорн.

За оваа средба веќе е резервиран стадионот Санкорп, а тоа несомнено ќе биде најголемиот боксерски настан во историјата на Австралија. Промоторите на боксерите веќе се во завршна фаза на преговори, а се очекува наскоро средбата и официјално да биде потврдена.

Сепак, се очекува и други австралиски градови да конкурираат за домаќинство на мечот.

Во својата кариера Џеф Хорн се уште не се соочил со противник како Мани Пакијао. Најголемиот скалп на поранешниот учител е Јужноафриканецот Али Фуенка. Сепак, тој е на мислење дека има сили да го направи едно од најголемите изненадувања на годината.

„Дали ова е вистинското време? Младоста е на моја страна. Пакијао е 38 години. Тој има искуство, но јас имам младост. Ова ќе ми ја донесе победата. Во неговите последни натпревари се виде дека нивото му паѓа. Се уште има многу добри движења и вештини, но мислам дека тој е малку во пад. Кое на такво ниво е многу“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО