Џудо федерацијата го одржа вонредното Собрание

dzudo-sobranie-vo-kavadrci

Џудо федерацијата на Македонија на 4 јануари го одржа вонредното Собрание по иницијатива на осум клубови од вкупно 21 кои го сочинуваат највисокиот орган на Федерацијата.

На седницата која се одржа во Кавадарци, присуствуваа 39 делагети од вкупно 21 џудо клуб од Македонија. Беа разгледани сите барања на осумте клубови по чија иницијатива истата беше оддржана. Покрај овие точки, делегатите го усвоија и извештајот за работата на Џудо федерацијата на Македонија за 2016 година, беа усвоени планот и програмата за работа на федерацијата на Македонија за 2017 година, а беше усвоен и финансискиот план и програма за 2017 година.

Во Новата 2017 година, Џудо федерацијата на Македонија заедно со сите џудо клубови, членки на федерацијата, ќе продолжи со уште поголем елан да ги реализира зацртаните цели и планови, во желба за што поголеми успеси и на меѓународната сцена.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО