Нгану остана цврст во својата одлука: Борбата против Фјури мора да биде во новиот договор

Френсис Нгану ја одбрани титулата во тешка категорија на УФЦ во јануари. Камерунскиот удирач го победи Сирил Гане на настанот УФЦ 270 со едногласна одлука на судиите.

Неколку недели подоцна отиде на операција на коленото, а сега има малку подолга пауза.

Тој ќе го искористи времето за опоравување за да преговара со најголемата светска ММА организација за условите на новиот договор, во кој главни ставки се повисоките плати и можноста за бокс.

Нгану минатиот викенд беше на боксерски спектакл во Лондон, а во живо беше сведок на уште еден триумф на Тајсон Фјури кој го победи Дилиен Вајт со нокаут во шестата рунда и ја одбрани титулата на ВБЦ во тешка категорија.

„Новиот договор со УФЦ мора да ја вклучува борбата против Тајсон Фјури. Треба да разговараме за тој меч. Таа борба мора да се случи, бидејќи ако сега не се договори, никогаш нема да се случи“, рече Френсис Нгану и додаде:

„Не сакам да се плеткам, бидејќи ако сега го потпишам договорот, тогаш се е уништено. Тој меч никогаш нема да се случи. Треба да најдеме начин да го вклопиме тоа во мојот нов договор со УФЦ“.

Камерунецот сака да ја продолжи кариерата во најсилната ММА промоција.

„Сакам да продолжам да се борам за УФЦ. Борбата со Тајсон Фјури нема да биде мојот последен натпревар. Ме очекуваат уште многу интересни борби, како борбите со Џон Џонс и трилогијата со Стипе Миочиќ. Пред мене се уште многу големи битки во УФЦ“, подвлече Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО