Конор Мек Грегор: Што се 50 илјадарки за копиле како мене?

Најголемата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор, уште еднаш реши да не потсети дека е милионер.

Озлогласениот“ тренираше, но не пропушта да се опушти покрај базенот. Поранешниот двоен шампион веќе се опорави 100 отсто од операцијата што се случи во летото 2021 година. Конор потоа ја скршил ногата во битката со Дастин Пориер и бил опериран.

Веќе неколку недели тренира со полна брзина и е подготвен да се врати и да испише историја. Мек Грегор на својот профил на социјалните мрежи покажа како лежи покрај базенот и како ужива во својот пијалок.

Конор се исфрли и рече дека 50.000 долари не се ништо. Богатството на ѕвездата се проценува на 400 милиони долари. Најголем дел од парите дојдоа по продажбата на неговиот бренд виски.

„Што се 50 илјадрки за копиле како мене? Ве молам потсетете ме“, напиша Мек Грегор на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО