Нема да има реванш меѓу Мек Грегор и Мејведер (ВИДЕО)

Во договорот за мечот меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор нема клаузула за реванш. Ова го соопшти Стивен Еспиноза, потпретседателот на телевизискиот гигант Шоутајм, кој ќе го емитува дуелот по системот „пеј-пер-вју“ (плати па гледај).

„Нема таква опција во договорот. Имаше преговори по ова прашање, но страните не покажаа никаков интерес“, објасни Еспиноза.

Средбата меѓу Мејведер и Мек Грегор ќе се одржи на 26 август во „Т-Мобиле арена“ во Лас Вегас. Се очекува спектакулот да го собори рекордот по приходи од спортски настан.

Сепак, новинарите и навивачите сметаа дека поради стотиците милиони кои ќе се заработат дека двајцата борци ќе направат уште еден меч.

https://youtu.be/ix1B3ppOq-Q

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО