Нејт Дијаз пушеше трева додека УСАДА го тестираше: Овој човек не сака да ја напушти мојата куќа! (ВИДЕО)

Нејт Дијаз уште еднаш покажа дека не се грижи за никого.

37-годишната ѕвезда на УФЦ излезе во живо на социјалните мрежи за време на допинг тестот на УСАДА. Дијаз беше прикажан како пуши џоинт додека службеник на УСАДА шеташе околу него. Нејт изјави дека дотичниот вработен не сакал да си замине затоа што не добивал доволно од неговата урина.

Нејт дури и го понуди од неговиот џоинт, но беше одбиен од другата страна.

„Овој човек не сака да ја напушти мојата куќа бидејќи не му обезбедив доволно урина. Измочав се што можев. Колку литри треба да дадам? Имам уште два литра урина да му дадам и дотогаш нема да си оди. „ДК“ (така Дијаз го нарече типов) е мој тип, но УСАДА може да ме заебе. Врати се за шест часа, ќе ти дадам уште два литри. Жал ми е „ДК““, изјави Дијаз за време на своето видео, а на споменатиот „ДК“ му понуди и да пуши со него.

Нејт моментално се подготвува за својата последна борба во УФЦ. Тој ќе се соочи со Хамзат Чимаев во главната борба на УФЦ 278 на 10 септември во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО