Шекил О’Нил: Хасбула за малку ќе ме нокаутираше (ВИДЕО)

Легендарниот американски кошаркар Шекил О’Нил се пожали на Хасбула Магомедов.

О’Нил објави на социјалните мрежи смешно видео со дагестанскиот блогер. На видеото се гледа како Хасбула удира со тупаница во лицето на Шекил. Тие се заедно и патуваат со чамец во морето.

„Хасбула за малку ќе ме нокаутираше“, напиша О’Нил на видеото.

Магомедов е 19-годишен Дагестанец кој боледува од ретка болест. Хасбула не може нормално да расте и изгледа како 5-годишно дете. Тој стана ѕвезда пред една година откако чеченскиот блогер Ашаб Тамаев се обиде да му парира со друго момче со истата болест.

За среќа, немаше броба, а Хасбула се прослави низ целиот свет и во ММА заедницата. Тој стана близок со Хабиб Нурмагомедов и неговите пријатели. Нурмагомедов го однесе Хасбула во Абу Даби за да ја гледа гала вечерта на УФЦ во живо. Хабиб го однел и на аџилак во Мека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DR. SHAQUILLE O’NEAL Ed.D. (@shaq)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО