Насер Харуни: Очекувам повеќе боксери и квалитетни борби во ова коло на Првата лига…!

БК Шкупи е домаќин на 2.коло на Првата боксерска и Младинската лига на Македонија во сабота во спортската сала „Енвер Идризи“ во Чаир, Скопје, а боксерските страсти со почетокот на лигата растат.

„Очекувам да има добри мечеви кои ќе и овозможат на публиката да ужива во благородната вештина. Ме радува фактот што мрднаа работите од место и Боксерската федерација на Македонија (БФМ) почна да функционира. Во ова коло очекувам да има повеќе боксери кои ќе покажат квалитетни борби и ќе се претстават во добро светло“, вели првиот човек на БК Шкупи, тренерот Насер Харуни, притоа ги кани сите љубители на боксот да дојдат во сабота во 14 часот во „Енвер Идризи“ и да уживаат во бокс мечевите на нашите боксери.

Тој истакнува дека БФМ и Шкупи ќе имаат чест со Македонска пошта да ја промовираат поштенската марка направена по повод 75 години од раѓањето на големиот и легендарен Мухамед Али, боксерската икона на цел свет.

Од друга страна, боксерите на Шкупи викендов што поминаа имаа забележителн настап во Сараево на Меѓународниот турнир „Мустафа Хајрулаховиќ – Талијан“ во календарот ЕБУЦ на кој настапија Велика Британија, Белгија, Македонија, Албанија, Сербија, Косово, Босна и Херцеговина.

„Нашиот боксер Јасин Лама во сениорска конкуренција се покажа во одлично светло. Во првата борба го победи Изет Хоџиќ од БиХ, а во финалето се сретна со Мајк Мек Донаг од кого загуби во финалето, притоа Англичанецот поради таа борба беше прогласен за најдобар боксер на турнирот. Задоволен сум од прикажаниот бокс што го покажаа моите боксери. Сега се подготвуваме за двата силни меѓународни турнири „Адем Јашари“ во Приштина и нашиот „Златен гонг“, истакнува Харуни.

Тренерот на Шкупи нагласува дека идната година треба да се очекуваат подобри денови за македонскиот бокс и за неговиот клуб.

„Догодина може да очекуваме многу повеќе, бидејќи сме поорганизрани, а имаме и средства. Ме радува што функционираат Првата и Младинската боксерска лига, како и детските спаринзи меѓу клубовите“, нагласува Харуни.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО