Мејведер и Мек Грегор продале 4,4 милиона ППГ

Боксерскиот меч Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор оставри голем финансиски успех.

Сепак, не го собори рекордот на Мејведер и Мани Пакијао со 4,6 милиони продадени ППГ во САД.

Официјалната објава се очекува следната недела, но се појавија информации дека „Мани“ и УФЦ шампион продале 4,4 милиони плати-па-гледај во САД за борбата во која Мејведер го нокаутира Ирецот во десетата рунда.

Преносот во ХД чинеш помалку од 100 долари.

Мејведер и Мек Грегор од продажба на билети заработија 55,4 милиони долари во споредба со 72,2 долари колку што зарботија Мејведер и Пакијао.

Американецот има загарантирана заработувачка од 100 милиони долари, додека Ирецот има загарантирани 30 милиони. Со удел во продажбата на ППГ кој им припаѓа, ќе заработат многу повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО