Најмладите борачи на Бучим на Меѓународниот турнир во Катуници, Бугарија, имаа успешен настап освојувајќи повеќе медали.
Ѓорги Јованов (-35 кг) и Ристе Ставрев во подготвителна возраст ги освоија првото и второто место, додека во категоријата деца на 35 кг Ѓорги Горгиев и Михаило Ллиев се трети, до 42кг Стефан Митев и до 53 кг Илија Атанасов се трети. Во кадетска конкуренција Стефан Димитров (-60 кг) го освои сребрениот медал, а Дени Јосифов бронзениот.
На тунирот учетсвуваа околу 80 борачи од Бугарија, Косово, Грција и Македонија – Бучим, Блаканец и Безбедност.
Ipon.mk/В.Д.