Хабиб Нурмагомедов го прекина молкот за УФЦ 216

Топ претендентот за титулата на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, не е задоволен од тоа што нема да учествува во борбата за привремената титула на УФЦ.

Оваа недела УФЦ објави Тони Фергусон и Кевин Ли на 7 октомври ќе се борат за привремената титула во лесна категорија.

Неколку дена подоцна, Нурмагомедов објави изјава во која со размислувања за новонастанатата ситуација.

„Ако некој мисли дека оваа ситуација ќе влијае на мене на каков било начин, тој дебело се лаже“, напиша Нурмагомедов на неговата страница на Инстаграм.

„Никогаш во мојот живот не сум добил нешто на лесен начин, ниту овој пат не го очекувам тоа. Како и да е, со Господ, одиме напред“, рече Орелот.

Нурмагомедов во моментов е прворангиран на официјалните лсити на УФЦ. Тој е без пораз на 24 меча, а 8 победи се во кафезот на УФЦ.

Во текот на изминатите неколку години, повредите и здравствените проблеми го спречија Нурмагомедов постојано да се натпреварува. Од 2014 година па наваму Нурмагомедов во октагонот влезе само трипати. Во својата последна борба во номеври го доби Мајкл Џонсон.

https://www.instagram.com/p/BX6KYNLgZyZ/?taken-by=khabib_nurmagomedov

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО