Вајт, Гвоздик и Џенингс славеа со прекин, брутален нокаут на Алварадо (ВИДЕО)

Во воведниот дел од настанот Крафорд-Индонго во американскиот Линколн настапија многу познати боксери.

Украинскиот полутешкаш Олександр Гвоздик (14-0, 12 КО) го победи Креиг Бекер (17-2, 13 КО) со технички нокаут во шестата рунда.

https://youtu.be/AVlq8pCZH14

Поранешниот прдизвикувач за шампион во тешка категорија Брајант Џенингс (20-2, 11 КО) се врати на рингот по повеќе од година ипол и со прекин по третиот нокаут славеше против Даниел Марц (15-4-1, 12 КО).

Мајк Алварадо (38-4, 26 КО) немилосрдно во шестата рунда го нокаутира Бразилецот Сиднеј Сиквеир (26-13-1, 17 КО).

Во својата прва борба на американска територија тешкашот Дилијан Вајт (21-1, 16 КО) со удари во третата рунда го сопре Малколм Тан (24-6, 13 КО).

https://youtu.be/Quty1DCgaWA

Освојувачот на сребрениот медал на Олимпијадата во Рио де Жанеиро, 20-годишниот Шакур Стивенсон (3-0, 1 КО), својата трета професионална победа ја оствари против Аргентинецот Давид Микел Паз (4-4-1).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО