Артан Рушити извојува една победа на Европскиот куп во Арад за 9-то место

Артан Рушити (-81 кг) го совлада Греманецот Килијан Гец во првотоколо на Европскиот џудо куп во Арад, Романија, со вазари и ипон.

Потоа Рушити забележа пораз во вотрото коло, како и во репасажот. Прво загуби од Украинецот Сергеј Кривчач со вазари и ипон, а потоа и од Дилан Ричестер од Израел со три вазарија и еден ипон. На крајот Рушити го освои 9-тото место.

Да потсетиме дека вчера Берна Шерифовска стигна до борба за бронзениот медал која ја загуби од Хрватката Ива Оберан со вазари и ипон.

Шерифовска во првото коло со ипон ја победи Рамона Микула од Романија, а пото со вазари загуби од Британката Леле Нерне која и обезбеди репасаж. Во првата борба од репасажот нашата репрезентативка беше подобра од Кјуона Кристи од Нов Зеланд со два вазари поени, а потоа и од Романката Андрада Секриеру.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО