На Поветкин олимписката титула му е поважна од професионалната кариера (ВИДЕО)

Александар Поветкин ја опиша својата олимписка титула во боксот како поважна од неговата професионална боксерска кариера.

Рускиот витез стана олимписки шампион во супертешка категорија на Олимписките игри во Грција во 2004 година. На патот до златото Поветкин го елиминираше претставникот на Бугарија – Сергеј Рожнов, Дилдабеков од Казахстан, Роберто Камареле од Италија и Мохамед Али од Египет.

„Олимпискиот шампион е олимписки шампион. Секој што се занимава со спорт, вклучително и бокс, сонува за олимписко злато. Секогаш ќе ми биде поважно“, напиша Поветкин на својот профил на Инстаграм.

Да потсетиме дека реваншот меѓу Александар Поветкин и Дилиен Вајт ќе се одржи во Гибралтар. Промоторот Еди Херн ја објави егзотичната дестинација за судирот на 27 март.

Во првиот меч меѓу нив Вајт загуби од Поветкин со нокаут на 22 август 2020 година во тренинг кампот на Мечмрум во Брентвуд, Англија.

Победникот од овој меч станува официјален предизвикувач за шампионскиот појас во тешка категорија на Светскиот боксерски совет (ВБЦ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО