Димовски: Ние сме за млaдинска екипа во Регионалната лига

Регионланата боксерска лига според оптимистичките прогнози треба да стартува во април, откако во петокот беше потпишан догворот во Белград од боксерските федерации на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Македонија во присуство на претседателот на АИБА Кремлјев и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

„Се уште не дефиниран форматот, ние и уште неколку федерации сме за двостепено натпреварување – сениорско и младиснко, или, во краен случај, комбиниран модел, додека Србија и Хрватска се подготвени за сите варијанти. Факт е дека ние и Црна Гора немаме сениорски екипи, затоа ни одговараат засебни конкуренции или комбиниран модел“, вели претседателот на Боксерската федерација на Македонија Примислав Димовски.

Тој  истакнува дека е голема добивката за македонскиот бокс, затоа што нашите боксери во време на пандемија ќе може да боксираат и да стекнуваат искуство. Но и можност за докажување во поголема и посилна конкуренција.

Во периодот што следува ќе се допрецизираат повеќе работи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО