На Лама и Јанески и заврши карантинот, од денеска во домашна самоизолација

Од денеска сениорските бокс репрезентативци Гоце Јанески и Јасин Лама се во задолжителна домашна самоизолација, периодот на 14-дневен карантин заврши, по испитувањата потврдено е дека и двајцата се негативни на Ковид-19.

Јанески и Лама на почетокот од март настапија на олимпискиот квалификациски турнир во Лондон,  по само два дена од почетокот на натпреварите,  турнирот беше прекинат од страна на организаторите поради пандемијата од коронавирусот.

Репрезентативците Јанески и Лама поради проблемот со затворените аеродроми на 29 март се вратија во Скопје, голема помош боксерската федерација на Македонија имаше од нашите амбасади во Лондон и Софија, како и од генералниот секретар на Владата на Македонија, Драги Рашковски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО