Хабиб не и посветува внимание на критиките

Хабиб Нурмагомедов доби сериозни критики откако и по птетти пат пропадна мечот со Тони Фергусон. Тие требаше да се борат на УФЦ 249 на 18 април. Нурмагомедов беше незадоволен од УФЦ бидејќи до неодамна го криеше местото за настанот. Тој одлета во Дубаи, затоа што УФЦ му рече дека 99 отсто нивниот настан ќе го одржат во Емирати. За жал, Русија ги затвори границите, отккао тој се врати од Дубаи заради неизвесноста на настанот, такашто не можеше да оди на настан на УФЦ.

На крајот и УФЦ 249 пропадна,но тоа хабиб не го спаси од критики на кои тој не и обрнува внимание.

„Потпирајте се само на оние кои ви се драги. Таквите луѓе дури нема потреба да зборуваат, затоа што оние што ве ценат ќе видат што ви треба. Само напорна работа, посветеност и разбирање што го произведува само Семоќниот. Ако постигнете нешто, не бидете изненадени од критиките.

Прифатете го мирно и со разбирање, но во целина ќе биде идеално, ако ги прифатите предностите на таа критика и, едноставно, оставете ги лошите работи. Пред нас имаше многу големи луѓе кои го променија текот на историјата на човештвото, но дури и тие не беа спасени од човечкото мислење. Што можеме да кажеме за нас? Нека Семоќниот ни помогне на сите во овие тешки денови“, рече Хабиб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО