На Државното првенство во самбо се дефинира репрезентацијата

Sambo 3 drzavno

Утре во спортскиот центар „Форца“ во Скопје се одржува Државното првенство за сениори во самбо.

На првенството се очекува да настапат најдобрите македонски самбисти од десетина клубови.

На првенството ќе настапат Ристо Димитров-Чурино, кој минатата година учествуваше на Светското првенство во Казаблнка – Мароко, џудистката Абреша Реџепи, балканскиот првак Кристијан Ѓураков, учесникот на Европските игри во Баку, Азербејџан, Бајро Машовиќ.

Sambo 4 drzavno

„Очекувам квалитетни борби и дефинирање на репрезентативниот состав за скорешните меѓународни настапи“, вели претседателот на Македонската самбо федерација, Ердал Факиќ.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО