Поранешниот двократен светски првак Френк Мир позитивен на допинг тестот

Frenk Mir

Уште еден великан на УФЦ има проблеми со Агенцијата за анти-допинг.

Поранешниот двократен шампион во тешка категорија на УФЦ , од страна на УСАДА беше информиран дека е обележан поради прекршувањето на прописите за анти-допинг на тестот направен на денот на поразот во последниот меч против Марк Хант на УФЦ Фајт најт 85.

„На сите мои фанови и оние кои ме поддржуваат, неодамна добив известување од УСАДА дека е тест што го направив вечерта за време на борбата стигна позитивен на супстанца која не сум земал. Не знам како е можно тоа, бидејќи не сум користел никакви недозволени средства за да се натпреварувам“, се наведува во соопштението на Мир.

„Никогаш не сум бил позитивен на недозволени супстанци откако се приклучив на УФЦ и станав двократен светски првак. Ве молам да се воздржтите од осуди додека не се изнесат сите факти“.

УСАДА го известила и УФЦ за позитивниот тест на Мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО