Чарлс Мартин и Ентони Џошуа со преку 110 килограми за ИБФ титулата (ВИДЕО)

Carls Martin-Entoni Dzosua merenje

Се одржа мерењето за борбата за светската титула во тешка категорија на ИБФ.

Во судирот на непобедените боксери, Ентони Џошуа и Чарлс Мартин ќе се борат денес пред 20.000 гледачи во О2 арената во Лондон.

Шампион од Америка намерењето имаше 111.1 килограми, додека предизвикувачот Џошуа беше 110.7.

На настанот Ли Селби ќе го брани ИБФ насловот во преолесна категорија против Ерик Хантер. И двајцата успешно ја поминаа на вагата. Британецот Џејми Мек Доналд ја брани ВБА титулата во бантам против Мексиканецот Фернандо Варгас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО