На денешен ден пред 70 години е роден Мате Парлов

На денешен ден пред 70 години во Сплит е роден Мате Парлов.

Како омилен шампион од народот, уште додека беше жив Парлов е прогласен за еден од најдобарите југословенски спортисти и хрватски спортист на 20 век.

Со текот на времето стана најпознатиот граѓанин на Пула, за тоа се заслужни неговите титули на аматерски шампион во Европа и во светот, како и олимпискиот победник и професионалниот светски шампион на ВБЦ федерацијата.

Во 1972 година во Минхен стана олимписки шампион во полутешка категорија, во 1971 година во Мадрид и во 1973 година ја освои титулата европски шампион во Белград и во 1974 година во Хавана титулата светски шампион.

Откако стана професионален европски шампион во 1976 година, во јануари 1978 година во Милано, со нокаут против Аргентинецот Куело стана светски професионален шампион во полутешка категорија. Еднаш ја одбрани титулата.

Професионалната кариера ја заврши во 1980 година со скор 24-3-2, (12 КО).

Како селектор на Олимпијадата во 1984 гоидна во  Лос Анџелес ги водеше своите боксери до злато, сребро и два бронзи.

Не напушти на 29 јули 2008 година.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=548&v=LqmRVmH0_T4

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО