Дионтеј Вајлдер: Зошто Тајсон Фјури постојано ги менува тренерите?

Светскиот шампион на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер смета дека идниот ривал Тајсон Фјури „манифестира нервоза“ во пресрет на нивната борба.

Вајлдер ќе го брани појасот против Фјури на 1 декември во Стејплс центарот во Лос Анџелес.

„Јас сум поинакво чудовиште во рингот и Фури го знае тоа. Поради оваа причина има три тренери. Ми треба само оној што беше со мене од самиот почеток. Ако тој е толку голем човек, зошто ги прави сите тие глупости? Зошто му треба толку многу тренери? Јас сум некој за кого се претпоставува дека умее да ја користи само десната рака, дека не може да боксува и дека му недостасува техника. Тогаш зошто на сите тие боксери и требаат толку многу ресурси и различни нешта, за да се борат со едно старче како мене? Фјури тврди дека се уште не се родил човек, способен да го победи, тогаш зошто, по ѓаволите, постојано ги менува тренерите и го ангажираше Фреди Роуч?“, изјави Дионтеј Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО