На 19 мај е конечната пресуда за Александар Емилијаненко за силување на куќната помошничка!

Emelianenko Alex

Помладиот брат на познатиот Федор, Александар Емијаненко, на 19 мај ќе дознае дали ќе биде пуштен на слобода или ќе одлежи пет години во затвор, како што побара за него обвинителството, бидејќи, наводно, ја силувал неговата собарка.

Судот во Москва во петокот објави дека конечната одлука ќе биде донесена на 19-ти овој месец во 12 часот по московско време.

Александар дел од кариерата ја помина борејќи се во Прајд,но во јавноста е познат како брат на големиот Федор Емилијаненко. Но, во последно време многу е попознат како лице од страниците на црна хроника. Тој беше обвинет за сексуален напад, киднапирање, одземање на пасош и принуда за употреба на опојни дроги. Како што е наведено, Емилијаненко и го земал пасошот на куќната помошничка и од неа побарал сексуални услуги.

Емилијаненко се изјасни за невин по сите обвиненија, но призна дека бил интимен со жртвата, наведувајќи дека на тоа доброволно се согласила.

Јавното обвинителство за Александар побара затворска казна во траење од пет години и парична казна во износ од 60.000 рубли (1200 долари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО