Му ја вратија лиценцата на Тајсон Фјури

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури ја доби назад професионалната лиценца и може да го организира долгоочекуваното враќање во рингот. Британецот постигна договор со локалната антидопинг агенција и успешно помина на сослушувањето, за поторно да ја добие дозволата да учествува во натпревари од највисоко ниво.

Последниот дуел му беше во ноември 2015 година, кога изненадувачки го победи со едногласна судиска одлука Владимир Кличко. Потоа Фјури беше позитивен на допинг тестот и не само што ги загуби појасите за светски шампион, туку и професионалната лиценца.

Иако во моментов тежи 150 килограми, Фјури е се уште е меѓу најпопуларните боксери, не само во Велика Британија, а се уште се шпекулира за идните ривали во 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО