Бени Османоски на 16 декември ја брани свтеската титула: Подготвен сум, титулата ја заработував против светски прваци, не против „деца“!

Нашиот кик бокс ас Бени Османоски на 16 декември ја брани светската титула во К-1 на ВКУ против Дамијан Даркер во Обербирен во Швајцарија.

Се наближуваат деновите кога треба да ја браниш титулата. Подготвен ли е Бени Османоски за одбраната на титулата?

– Да, точно,се приближува времето. Се бројат  деновите кога повторно ќе застанам во рингот, а на линијата стои титулата која е од 2014 година во мои раце. Максимално сум подоготвен, како и за секоја друга борба, така и за оваа. Не правам разлики дали е за титула или не, постојан сум. Постојано сум на тренинзи и сум мотивиран.

Колку ти значи оваа титула и што ќе значи одбарната на истата за тебе?

-Одбраната на оваа титула ми значи како и на секој еден светски шампион, а посебно како на мене, бидејќи секогаш оваа титула ја зарботував против светски прваци и не бирав да се борам против „деца“.

Кој е твојот противник?

-И овој пат се борам против светски шампион од Ирска, кој, исто така е и професионален класичен боксер и има голема кариера и во боксотот. Исто така до израз доаѓа и таеквондо техниката која ја има уште одмвна совладано.

Што го очекува во сабота?

-Ќе биде добра борба помеѓу двајца шампиони. Подобриот ќе победи. Подоготвен сум на се. Па, ќе видиме во сабота што ќе биде. Поздрав до вас и до сите мои фанови во Македонија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО