МТФ: Македонското таеквондо го живее својот златен период, ќе се потрудиме тој да потрае!

Македонските клубови со репрезентативците и идните натпреварувачи кои тропаат на вратата на репрезентацијата одржаа заеднички тренинг во Скопје.

Од Македонската таекводно федерација велат дека ова е тренинг „со врвна класа спортисти и идните потенцијали на македонското таеквондо“.

„Одговорноста за добиените награди за најдобра федерација, најдобар тренер и најдобар спортист во Македонија за 2021 година се посебен мотив за нови врвни успеси и исклучително квалитетно развивање и проширување на олимпискиот спорт таеквондо во Македонија“, истакнуваат од МТФ пред настаните што следат.

На крај на август е Европското клупско првенство во Естонија, во септември Европско до 21 година во Албанија и во ноември во Мексико е Светското сениорско првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО