Моника Стефановска добитничка на автомобил „цитроен Ц3 еркрос“ (ВИДЕО)

На македонската карате репрезентативка Моника Стефановска и тргна годината како што треба, таа е добитник на автомобил „цитроен Ц3 еркрос“ во наградната игра на Рамстор и Сити мол „Пазари, греби и добиј“.

Извлекувањето на среќните добитници се случи денеска во Сити мол. Моника е возбудена од добивката, а нејзината сестра Наташа Стефановска вели:

„Моника приложи само една фискална сметка и гребката што ја доби беше недобитна, но имала к’смет, ја извлекоа нејзината гребка за главната награда – автомобил „цитроен Ц3 еркрос““.

Од друга страна, Наташа во играта учествувала со четири гребки.

Се надеваме дека  оваа година ќе биде целосно среќна за Моника и ќе не израдува со медали  од Европското, Светското и Карате 1 – Серија А лигата.

https://www.facebook.com/ramstoremall/videos/1661102187279155/

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО