Кро Кап со фотографија на Фејсбук покажа што мисли за спиењето со кучињата во ист кревет (ФОТО)

Легендарната хрватски ММА борец и спортска икона, Мирко Филиповиќ, на својот профил на Фејсбук, покажа што мисли „за спиењето во ист кревет со куче“. Филиповиќ во неделата, токму од постела, ја објави фотографијата заедно со својот пекинзер, испраќајќи јасна порака до јавноста.

Кро Кап е, како што е познато, голем љубоител на животните, особено на кучето кое го чува со години. Уште во 2014 година во интервју за Вечерњи лист откри дека спиел со Мики, кој го обожувал до последниот ден од неговиот живот.

„Не сум плакал толку како кога ми јавија дека умрел Мики. На некого можеби тоа ќе му биде смешно, но тоа кученце го имав 16 години, со години спиеше на перница до мене и навистина бев многу поврзан со тоа суштество. Со Мики сèшто поминав, па така и даденовите на мизерија и подстанарство. Не сакам да бидам маченик, но навистина имаше денови кога имав бев само за бурек и две солемнки и ги делив со Мики“, откри тиогаш Филиповиќ.

Мирко досега вдомил десетина кучиња, а радо се одѕиваше на низа акции на кои и помогале на напуштените кучиња.

Поводот за објавата на Фејсбук на Филиповиќ е контроверзен текст што пред неколку дена осамна на порталот Narod.hr, критикувајќи ги сопствениците кои спијат со своите кучиња. Новинарот Анела Тодориќ се осврна на луѓе кои објавуваат фотографии од кучиња кои очигледно на некој начин ги смета за закана за хрватското општество и за народот.

„Освен истополовите заедници, маж, жена и куче во кревет, се сликите кои се почесто ги гледаме на нашите телевизори. Дали се ова слики на модерни семејства? Дали овие слики се нашата иднина? Популарните флоскули на денешницата не научија да се заборава важното, дека семејството го сочинуваат луѓе, а не животни“, пишува во текстот што предизвикал згрозување кај огромен број на медиуми и јавноста.

https://www.facebook.com/mirkocrocop777/posts/1462947297165093

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО