УФЦ 220 Одбројување: Миочиќ – Нгану (ВИДЕО)

Објавена е најавната емисија за УФЦ 220 кој се одржува на 20 јануари во Бостон со две борби за татитулата.

Стипе Миочиќ го брани појасот во тешка категорија против Френсис Нагану, а Даниел Кормиер во полутешка против Волкан Оездемир.

Стипе Миочиќ целосно се притаи во својот град каде се уште работи како пожарникар и го одржува пријателството со уште една спортска ѕвезда, член на НФЛ тимот Кливленд Брауна, Џош Гордон.

„Луѓето не разбираат, но Кливленд е одличен. Тука е поинаква културата. Ја сакам љубовта и лојалноста што граѓаните на овој град ги покажуваат на спрема своите клубови и спортисти“, вели пожарникарот.

Нгану се подготвува за напад на титулата на УФЦ тренирајќи во Институтот во Лас Вегас.

https://youtu.be/jr347G5qatM

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО