Паркер: Ако сум кралот на пититите, Џошуа е кралот на стероидите

Откако беше навреден по последните напади од страна на Ентони Џошуа, Џозеф Паркер веднаш го возврати ударот.

Во едно од последните интервјуа Џошуа ја исмеа физичката форма на Паркер – нарекувајќи го „крал на пити“. Новозеландецот не се забави и го нарече Британецот „крал на стероидите“ – повикувајќи се на постојаните гласини дека мускулестото тело на Еј Џеј може да не е природно.

https://www.facebook.com/boxingscenenews/posts/10155326135502406

„Ме нарекоа „кралот на питите“, но јас го нарекувам „крал на стероидите“. Кој знае, ако си толку голем и мускулест, може и да има нешто погрешно. Слушнав некакви гласини … Тој беше многу близок со Кличко, а тој беше доста долго време шампион. Така што не знам … Може да е вистина, а може и да не е“, изјави Паркер.

https://www.facebook.com/boxingscenenews/posts/10155326135502406

Џозеф Паркер (24-0, 18 КО) потоа изјави дека не го обвинува Ентони Џошуа (20-0, 20 КО) за употребата на стероиди, но и ја остави вратата отворена за тие тврдења да бидат вистинити.

„Не знам како ќе одговори Џошуа… може да се јадосува или да се растрои од она што го велат во моментов. Тоа е дел од играта. Не го обвинувам за користење на стероиди, но велам дека е можно тоа. Постојат многу начини на кои можете да ги избегнете допинг тестовите. Пред неколку месеци го слушнав како вели: „Зошто да се плашам од тоа дете од Нов Зеланд?”. е, сега тој и светот се на пат да се разбере дали ЕЏ може да издржи удар“ заврши Паркер.

https://www.facebook.com/boxingscenenews/posts/10155325933487406

Тие ќе се сретнат во борба за обединување на титулите на 31март во Кардиф, а победникот од оваа средба ќе си замине со три од четирите големи титули во тешка категорија.

https://www.instagram.com/p/Bd7Uj7_DFuu/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_legacy

https://youtu.be/qzwG4pSyX9s

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО